Меган Маркл не сака да се откаже од титулата „Сасекс“ и покрај тоа што клраицата ѝ ја забранила да ја користи. Таа на своите пријатели им кажала дека нема таков закон кој може да ја спречи, таа и нејзиниот сопруг Хари, да ги користат овие кралски титули.
Претходно оваа недела, кралицата Елизабета им забранила на Меган и Хари да ја користат оваа титула. Како што пренесува „Мејл Онлајн“, зардаи ова имало голема кавга меѓу брачната двојка и кралицата.
Меган на своите блиски пријатели им кажала и дека употребата на името не би требало да претставува проблем и дека нема да ја користи титулата за да се занимава со продажба на маици и пенкала.
Војвотката од Сасекс исто така соопштила дека заедно со Хари работат на глобални проекти, но и да ги задржат, немаат за цел да профитираат на сметка на нивните титули, вели изворот.