Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани одлучи неговата ревија во склоп на модната недела во Милано да биде зад затворени врати, за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.
Ревијата ќе биде снимана и пренесувана во живо преку официјалната веб-страница на брендот. Според Националната модна комора на Италија, Армани е прв дизајнер кој донел ваква одлука.
Тој всушност, со право се плаши, бидејќи најголем број заразени со коронавирус се во Ломбардија, чиј административен центар е токму Милано, градот во кој ќе се одржи оваа ревија.