Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Дубаи, каде што го очекува продолжение на сезоната, па се дружеше со најмладите на теренот.
Ѓоковиќ израдува и едно детенце со инвалидитет, па ја воодушеви светската јавност со неговиот потег.
Great to see! @DjokerNole took time out of his @DDFTennis preparations to practice with a group of local disabled children 👏 pic.twitter.com/6z5HR0IvPZ
— ATP Tour (@atptour) February 23, 2020
Инаку, неговата мајка, Дијана Ѓоковиќ, не сака да се експонира во медиумите и максимално е посветена на семејството. Во едно интервју призна дека целиот живот го посветила на децата, но дека не ни насетувала дека Ноле ќе биде тениски ас. Сакала само да се занимава со спорт, како би израснал во здрав и добар човек. Кога со нејзиниот сопруг сфатиле дека е исклучително талентиран, направиле сѐ што е во нивна моќ да му помогнат да го оствари својот сон. На патот кон успехот се соочувале со многу бариери, прошле низ вистински пекол.
Дијана неодамна во интервју за хрватскиот „Вечерни лист“ откри дека семејството во 90-те било на работ на банкрот поради кариерата на Новак. Родителите на Ноле имале ресторан на Копаоник и тоа им бил единствен извор на приходи, а Дијана не крие дека биле на чекор да се повлечат.
– Имаше моменти кога мислевме дека финансиски не можеме повеќе да издржиме. На крај некако се снаоѓавме. Тоа беше единствен начин нашиот син да успее. Он тоа не го знаеше и не требаше да го знае. Не го оптеретувавме дали имаме или немаме. За него мораше да имаме. Седумнаесет години работев во ресторанот, од 10 до 16 часа. Правев палачинки, работев на шанк, правев пици.. Срѓан патуваше со него, а јас им ги праќав сите пари кои ќе ги заработев. На крајот се исплати, но можеше да биде и поинаку – раскажа таа за „Вечерњи лист“.
Вели дека сѐ постигнале сами, со помош на неколку пријатели, без поддршка од државата.