Пратеникот Мухамед Зеќири стана татко. На социјалните мрежи тој се пофали дека неговата сопруга Бисера Јордановска родила ќерка и објави слика од бебето.
„Благодарни сме Господе што на овој ден нè израдува со ќеркичка. На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 гр. Бескрајно сме ти благодарни Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме оваа радост која ја почувствувавме да ја почувствуваат сите парови кои посакуваат да имаат деца“, напиша пратеникот.
Зеќири и Бисера се венчаа лани, а кумови на свадбата им беа поранешниот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Инаку, тие беа во врска неколку години. Ова е втор брак за двајцата, тој од претходниот брак има две ќерки, а Бисера има син.
Мухамед во моментов е потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието. Претходно долги години беше главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М и новинар во неколку други медиуми во земјава. Бисера, пак, е поранешна директорка на Алсат М телевизија.