Глумецот Том Круз е заробен во хотел во Италија поради коронавирусот, пренесуваат светските медиуми. Том не смее да излезе од хотелот до 1 март, сè додека продуцентите не решат што да прават понатаму со снимањето. Круз во моментов престојува во луксузен хотел во Венеција.
Во Италија Круз го снима продолжението од филмот „Невозможна мисија 7“. Во земјата стигна пред неколку дена, а сега заглави во хотелот Gritti Palace. Филмот е прекинат сè додека не се најде решение во врска со опасниот вирус.
Премиерата на филмот е најавена за 23 јули 2021 година, но поради доцнењата во снимањето, може истата да се пролонгира. Филмот „Невозможна мисија 7“ го продуцира Кристофер Меквари, а покрај Круз, во него глумат и Ребека Фергусон и Хајли Атвел.
Никој од филмската екипа досега се нема заразено, а италијанските медиуми јавуваат дека засега се починати седум жртви од опасниот вирус во Италија. Бројката на заразено од ден во ден се зголемува.
Маж за кој се претпоставува дека е „нулти пациент“ е негативен на коронавирусот. Италијанските медиуми досега пренесоа дека 222 луѓе се заразени со коронавирусот, а од нив 101 се наоѓаат во болница. Од нив 27 се на интензивна нега, а 94 во домашна изолација.