Мартин Филиповски од дуетот „Некст тајм“ и ракометарката Андреа Белеска слават пет години од нивната љубовна врска. Познатиот музичар објави фотографија на инстаграм-профилот на која е заедно со Андреа. Тој често споделува заеднички слики со девојката, од нивните одмори кога одат заедно да вежбаат во фитнес-сала. По објавата дека слават пет години љубов, прв кој им посака среќа е неговиот брат близнак Стефан. Тој, пак, е во врска со манекенката Маја Ристеска. Неодамна во разговорт за „Репортер“ откри дека е во љубов, но дека не сака многу да зборува за тоа.