Потврден е првиот случај на коронавирус во земјава, пренесе „Макфакс“. Се работи за жена, која се вратила од Италија, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на вонредна прес-конфеенција. Тој рече дека биле извршени лабораториски тестирања на пациентката и дека резултатите покажале дека таа е позитивна на коронавирусот.
„Нема простор за паника. Пациентката е во стабилна состојба. Таа била еден месец во Италија, веќе две недели е болна и во Италија не била тестирана за корона и по пристигнување во земјава, веднаш се пријавила на клиниката. Сметаме дека периодот на инкубација е поминат“ рече Филипче.
Тој упати апел до сите институции, кои имаат вработени кои патувале во Италија, да не ги примаат вработените на работните места, туку да останат дома 14 дена во карантин.