Еден од најпопуларните бендови во нашата земја, Brass Brothers, од Битола конечно имаат своја авторска песна. Песната носи наслов „Време невреме“ и од бендот велат дека сигурни се дека ќе ѝ се допадне на публиката.
Автори на текстот на „Време невреме“ се Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот на Димитар Андоновски. Видеото е на Concept Production од Битола.
„ На ваше барање, а на наше огромно задоволство ви ја преставуваме нашата прва авторска песна. Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во ‘Време невреме’ не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите. Главната порака е со љубов да победиме“, велат момците од Brass Brothers.