Тамара Тодевска вечерва доби две награди на „Златна Бубамара на популарноста“, за пејачка и за хит на годината за песната Proud. Откога ја испеа евровизиската песна со која лани беше прва од жирито, публиката стана на нозе и ја поздрави со аплауз и силни овации, што траеја неколку минути. Тамара не можеше да ги скрие емоциите, па се расплака пред публиката што овојпат ѝ даде поддршка. „Како пееше, растури! Никогаш не била подобра“, се слушаше меѓу присутните во преполната сала.
„Среќа што не ја пееше химната“, ѝ порача Сашко Коцев на Тамара пред таа да ја напушти сцената.
За потсетување, популарната пејачка досега неколкупати во кариерата има добиено „Златна Бубамара“.
Редакција: Репортер
Фото: Д. Перковски
(Галерија) „Не дишете дури ни за секс”, ни коронавирусот не ѝ може ништо на Бубамара