Под мотото „Нема правда, има Бубамара“ во преполната сала „Борис Трајковски“, почна „Златна Бубамара на популарноста“. Сашко Коцев на италијански јазик ѝ се обрати на публиката. Од тоа што е Тредичи до Бубамара и Ла веритас… Алудирајќи на бомбите поврзани со Боки 13 и случајот „Рекет“ Сашко не поштеди никого, па се шегува и на сметка на експремиерот Заев. „Е сине, тоа е педер… Ама, нека ми прости ЛГБТ заедницата…“ коментира тој, а публиката се смее до солзи.
Сашко раскажа и за маките што ги имаат со Ранко пред секоја „Бубамара“. Се пожали дека и годинава најголем проблем им биле картите. Од една страна сите им бараат гратиси, од друга, некои купиле карти уште пред да се знае на кој датум ќе се одржи „Бубамарата“.
„На 500 евра просечна плата сте се стиснале бе ко власи… Абе купете си карти, увек се проблемот карти! Па ќе биде после: ‘Умрев на Бубамара не бев’“, вели тој.
Не се проблем само картите, проблем е и загадениот воздух. „Јас не ни дишам“, вели Сашко „Само насабајле, понекогаш по малку и навечер“. „Не се расфрлајте многу со дишење. Не дишете дури ни за секс, зошто загадено е. Додуша, ако дојдеш на власт најлесно се справуваш со загадувањето – тогаш ништо не е загадено!“ додава Сашко.
Ова е 23. издание на „Бубамара“ што се одржува ноќеска во „Борис Трајковски“. Традиционално смеење, многу музика, награди, аплаузи… Нема правда, ама има Бубамара.
Редакција: Репортер
Фото: Д. Перковски