Алек Болдвин со сопругата и децата се забавуваа во Дизниленд

Холивудскиот актер Алек Болдвин заедно со сопругата и децата се забавуваа во Дизниленд. Папараците го снимија глумецот со неговата партнерка Хилари, ќерката Кармен и синовите Рафаел, Ленардо и Ромео.

Болдвин во минатото за медиумите изјави дека е разочаран од љубовниот живот и жените. Тој вели дека припаѓал на  клубот на мажи кои тешко го прифаќаат стареењето и сфаќаат дека на прагот на педесеттите години немаат што да понудат.

Болдвин сега вели дека го има сменето мислењето и дека денес на семејството гледа од позитивна страна. Алек и Хилари минатата година го доживеаја најтешкиот период од нивниот живот. Хилари имаше втор спонтан абортус и тоа седум месеци по првиот.

Зад двојката следеше тежок период, но велат дека не се предаваат.  Двојката ја почна врската во 2011 година, а се венчаа во јуни 2012 година.

 

View this post on Instagram

 

Guess where we spent today…

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta) on

Scroll to Top