Британката Лора Мунди тврди дека администраторите на социјалната мрежа „Тиндер“ и го избришале профилот, затоа што корисниците постојано го пријавувале нејзиниот профил, мислејќи дека е премногу атрактивна за да биде реална. Лора вели дека досега намала среќа во љубовта. Досега имала само еден состанок со колега од работа.
Таа сега сака преку „Тиндер“ да го најде својот совршен партнер. Лора ги внела основните информации за себе и ги објавила најубавите фотографии. Многу брзо почнале да ја контактираат многу момци. Вели дека досега немала среќа да има нормален разговор со ниту еден од нив. Во инбокс постојано добивала пораки во кои и пишувале дека е премногу убава за да биде вистинита.
Откако се обидела повторно да се регистрира на „Тиндер“, открила дека не може затоа што, како што било наведено, ги прекршила правилата на социјалната мрежа.
Лара тврди дека „Тиндер“ и го избришал профилот поради нејзиниот неверојатен убав изглед. Таа решила да ја проба онлајн дејтинг апликацијата за да види дали може да го најде својот партнер. Кога направила налог, освен обичните фотографии, објавила и слики кои ги направила со фотошоп.
Потоа почнала да добива голем број пораки дека нејзиниот профил е лажен.
„Многумина ми пишуваа дека сум ги украла фотографиите од некои манекенки. Многупати добивав вакви критики на мојот „Инстаграм“ профил, кој повеќе не го користам. Кога конечно одлучив да се приклучам на „Тиндер“, по неколку дена добив известување дека мојот профил е згаснат“, вели Лара.
Лара вели дека досега не добила одговор од администраторите и решила никогаш повеќе да не ја користи оваа апликација.