(Фото) Џулија Робертс купи куќа за осум милиони долари во Сан Франциско

Џулија Робертс купи нов дом во Сан Франциско за 8,3 милиони долари, пренесува „РадарОнлајн“. Како што пренесуваат медиумите, глумицата новиот дом го купила на 12 декември минатата година

Куќата има пет спални соби и четири купатила. Има и винска соба во која има преку 1000 шишиња различни вина. Северната спална соба во куќата има спектакуларен поглед на мостот Голден Гејт.

Куќата ја дизајнирал архитектот Силваин Шнаитхер, а изградена е во периодот меѓу 1907 и 1908 година. Медиумите пренесуваат дека глумицата својот роденден на 28 октомври го прославила во оваа куќа.

Покрај куќата во Сан Франциско, Џулија Робертс има куќа и во Малибу и стан на Менхетен.

 

 

Scroll to Top