Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е трудна со близнаци, пишува таблоидот „Глоуб“. Тие тврдат дека таа повторно ќе стане мајка. Но, пишуваат и дека принцот Вилијам е загрижен за нејзиниот живот, бидејќи Кејт имаше тешка бременост и претходно и дека, лекарите, наводно ѝ советувале дека веќе не треба да раѓа.
„Кога дознаа дека е трудна, веднаш ѝ кажаа на кралицата. Всушност, само на неа и ѝ кажаа“, тврди извор од палатата за британскиот таблоид.
Истиот извор тврди дека Вилијам бил и среќен, но и загрижен кога дознал дека Кејт е трудна со близнаци.
„На Вилијам му е страв дека Кејт може да умре ако реши да ги роди децата. Таа имаше проблематична бременост уште првиот пат, трудничко повраќање, што води до дехидрација и кетоза. Притисокот ѝ беше висок, дури и опасно висок во неделите пред породувањето. Лекарите ѝ хнаредија да лажи и да мирува за да го спаси животот на децата. Таа трипати ја прелажа смртта, раѓајќи ги Џорџ, Шарлот и Луис“, рекол тој.
Иако информациите за бременоста на Кејт не се потврдени, во јавноста во Британија повторно се појавија шпекулации дека доколку Кејт и Вилијам добијат деца, нив ќе ги роди сурогат мајка. Многумина тврдат дека Кејт не била бремена никогаш претходно и дека нејзините три деца, исто така, ги родила сурогат мајка.