„Дизни“ се откажа од еден главните ликови во филмот „Мулан“, анимиран филм кој на крајот на 90-години од минатиот век, ја освои светската публика. Доби номинација за „Оскар“ и за две награди за „Златен глобус“.
Филмот на „Дизни“ е безиран на кинеската легенда за Хуа Мулан, која се маскира во маж и ја превзема контролата над војската на својот татко. По „Покахонтас“, филмот „Мулан“ беше еден од анимираните филмови кои направија пресврт во „Дизни“. На женските ликови им се дадоа сите квалитети кои се предвидени само за машките ликови.
Во тој дух, но и поради движењето #MeToo, кое во последните години го здрма „Холивуд“, продукцијата се откажа од еден важен лик, Ли Шанг.
„Нема да се чувствуваме убаво во 2020 година, со една таква улога. Ли Шанг не е лик кој денес ни одговара, па наместо него воведовме два лика. Еден ќе биде воениот заповедник на Мулан и нејзин ментор, а друг нејзин романтичен интерес“, изјавил продуцентот Џејсон Рид.
За потсетување, од 2017 година до денес, повеќе од 80 жени го обвиниле Вајнштајн за сексуални напади, нешто што го иницираше и движењето #MeToo во кое жените изнесуваат јавни обвинувања против моќните луѓе во деловениот свет и светот на забавата и политиката.