Судијка ја тужи Северина

Судијката Луција Ласиќ, која сакаше да ја потврди пресудата со која на Северина ѝ се одзема старателството над синот Александар, сега ја тужи хрватската пејачка и бара отштета од 3.000 евра. Таа решила да ја поднесе тужбата, бидејќи Северина јавно ја коментирала нејзината одлука на прес конференција, а според судијката, тоа ѝ го нарушило угледот, пишува „Глорија“.

Одлуката на Северина да ѝ се одземе старателството над синот и за детето да се грижи неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ, ја донесе судијката Теа Голуб. По жалбата на Северина, за пресудата требаа да одлучуваат три судијки. Две од нив биле за тоа детето да се врти кај мајката, но Ласиќ ја потврдила одлуката детето да му припадне на таткото. По ова Северина свика прес-конференција и го коментираше однесувањето на судиите, велејќи дека „против неа се прави хајка, а дека Милан го плаќа судот за да го добие синот“.

За потсетување, Северина го изгуби старателството над синот Александар, а судот го даде на таткото. Северина синот може да го гледа два пати неделно и за викенди, но не може да одлучува за неговата здравствена заштита и образование.

 

Scroll to Top