Џорџ и Амал Клуни веќе не живеат заеднo

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни веќе летири месеци не живее заедно со сопругата Амал, пишува магазинот „Вуманс деј Аустралија“. Според нив, либанско-британската адвокатка се отселила од семејниот дом и со себе ги зела близнаците, Александар и Ела.

Не е првпат медиумите да пишуваат за проблеми во бракот на Амал и Џорџ. Овојпат, автстралискиот магазин се повикува на пријател близок до Амал, кој вели дека таа е разочарана од Џор и неговата постојана желба за изглегување и забава.

„Ова не е животот што Амал го замислуваше. Таа се надеваше дека тој ќе се смири и ќе води повлечен семеен живот, можеби и да имаат повеќе деца. Но, сега смета дека е многу тешко заедно со Џорџ да направи било што толку сериозно. Таа најмногу му замерува на Џорџ што не поминува доволно време со Алекс и Ела“, рекол изворот.

Двојката се венча ви Италија во септември 2016 година, а веќе наредната година станаа родители.

 

Scroll to Top