Српскиот пејач Саша Ковачевиќ го откажа концертот во Тузла што требаше да го одржи на 8. март. Причината за откажувањето е коронавирусот и стравот на организаторите од можни заболувања. Веста дека се откажува концертот ја споделија и популарниот пејач и организаторите преку социјалните мрежи. Тие ѝ се извинија на публиката што купила билети, а што нема да може да уживаат во неговите песни.
Концертот на Ковачевиќ е еден од многуте насажтани што се откажани периодов во целиот свет. И во Македонија заради препораката да не се организираат јавни собири, се одложија неколку концерти, театарски претстави, а некои спортски натпревари се играат без публика.