Најдобри возачи според хороскопот

Според астролозите, хороскопскиот знак влијае дури и на тоа колку е некој добар или лош возач. Според нив, луето родени во знакот на јарец, девица, бик и близнаци се најдобрите возачи.

Јарец

Најдобар возач е јарецот. Го заслужува ова признание заради својата трпеливост, одговорност и добра подготвеност за возење. Тој тргнува навреме имајќи го предвид метежот во сообраќајот, ги проверува условите на патот и не е склон кон кршење на законот.

Девица

Ако безбедноста и сигурноста се вашите приоритети, девицата е возач за вас. Нејзините карактеристики се добар тајминг, претпазливост и совесност. Овој возач прави сè како што е пропишано во законите и дава сè од себе за да се минимизира ризикот. Девицата нема конкурентен дух и смирено им дозволува на другите да ја претекнат. Понекогаш другите учесници во сообраќајот ја обвинуваат дека е бавен возач.

Близнаци

Вешти и флексибилни, тие имаат брзи рефлекси и добро се прилагодуваат на променливите услови за возење. Близнаците се секогаш подготвени да пронајдат алтернативни патишта ако главниот е затворен. Понекогаш ги кршат регулативите, но тоа го прават вешто и незабележливо за властите. Астролозите на овие луе им препорачуваат да не користат телефон и да не пишуваат пораки додека возат.

Бик

Претпазлив и малку воздржан, бикот е одличен возач, под услов некој да не го предизвикува затоа што тогаш „подивува“. Негов приоритет е да го зачува својот автомобил и да ги избегне посетите кај сервисерите, осигурителните компании и полицијата. Ако почувствува каков било ризик од оштетување, тој ќе го забави возилото, па дури и ќе го закочи сообраќајот. Брзото возење не му е непознато, но само доколку прописите и условите го овозможуваат тоа.

 

Scroll to Top