Најмалку шест лица загинаа откако вчера се урна петкатен хотел во кинескиот град Гуангжу. Хотелот служел како карантин за болни од коронавирусот. Во времето на несреќата, во хотелот биле сместени 80 луѓе. Деветмина успеале да побегнат, а другите останале под урнатините. Спасувачите успеале да извлечат 42 луѓе, а едно лице е во критична здравствена состојба.
Во спасувачката акција учествуваат 848 пожарникари со 169 машини и седум кучиња-трагачи.
Се уште не е позната причината за уривањето хотелот, а истрагата е во тек. Кинеските власти по уривањето,, го приведоа сопственикот на хотелот.