Популарниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга, модната дизајнерка Викторија, вчера му приредија роденденска забава на најстариот син Бруклин, за која потрошија 115.000 евра.
Бруклин вчера го прослави 21. роденден, а по тој повод родителите му приредија забава ви семејната вила во Велика Британија, на која присуствуваа голем број светски ѕвезди.
Семејството најмногу потроши за музика. Тие за добрата атмосфера го ангажирале раперот Стормзи, а на прославата пристигна и Никол Пелц, новата девојка на Бруклин. Беа и Ромео и Круз, помладите браќа на Бруклин.
Бруклин во моментов работи како фотограф, а повремено и како модел. Тој живее на две адреси, а во последните година дена медиумите го следат поради неговите љубовни врски и скандали.