Харви Вајнштајн осуден на 23 години затвор

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн во средата е осуден на 23 години затвор. Пресудата ја донесе судија во судот во Њујорк, а Вајнштајн беше осуден по обвиненијата за напад и силување.

Вајнштајн веднаш откако ја слушнал пресудата бил пренесен во затворот „Рикерс“ во Њујорк, од каде потоа бил префрлен во најблиската болница, изјавил неговиот портпарол.

Минатата недела на Вајнштајн му бил вграден стент, пренесоа неколку американски медиуми. Поротата на 24 февруари го прогласи Вајнштајн за виновен за сексуален напад врз асистентката Мими Халеј и за силување на поранешната глумица Џеси Ман. Тој беше ослободен по обвинението по најтешката точка од обвинението за сексуален предатор, по која може да добиеше доживотен затвор.

Движењето #MeToo кое настана како платформа против злоупотребата на Вајнштајн и се рашири низ светот, во средата ја поздрави изречената казна.

 

Scroll to Top