Малума отпатува во Грција за два закажани концерти, но поради пандемијата со ковид-19, беше принуден да ја откаже европската турнеја. 26-годишниот пејач го искористи престојот во Атина за да ужива со новата девојка. Популарниот Колумбиец се релаксираше со моделот Вивиен Рубин. Парот за првпат беше виден во јавност на почетокот на годината. Малума и преку социјалните мрежи ги извести фановите за одложената турнеја.