Голем број холивудски ѕвезди ја користат својата моќ и богатство за да го направат светот подобро место, да им помогнат на оние на кои им е потребна помош. Некои од нив преку своите хуманитарни организации собираат пари за најзагрозените, а често издвојуваат големи износи и од своите заработувачки за да им помогнат на другите.
Тие велат дека на тој начин ги инспирираат нивните обожаватели повеќе да станат свесни и похумани.
Кијану Ривс
Ривс уште во 2003 година изјави дека има доволно пари за да може да живее во следните неколку векови. Тој е познат по својата великодушност, а по снимањето на филмот „Матрикс“, донираше милиони долари од својата заработка на членовите на екипата кои правеа костими и специјални ефекти.
Ривс има основано и приватна фондација која донира милиони за истражување на лек за ракот и за голем број на детски болници. Истражувањето за лекот на ракот за него има посебна важност, затоа што на неговата сестра Ким, во 1991 година ѝ беше дијагностицирана токму таква болест.
Глумецот парите ги дава и во група одговорна за луѓе кои живеат со повреда на р’бетниот мозок.
Леонардо ди Каприо
Фондацијата на Леонардо ди Каприо е основана во 1998 година и има дадено околу 80 милиони долари за повеќе од 20 проекти за заштита на животната средина. Ди Каприо главно работи низ партнерство со локални проекти ширум светот, како и со меѓународни организации како што се Ocean, Wild Foundation и World Wildfire Fund.
Глумецот, продуцентот и активистот повеќе пати има зборувано во јавност за предметите поврзани со климатските промени. Исто така вложил и во некои важни вегански фирми.
Амал и Џорџ Клуни
Оваа двојка заедно ја основаше организацијата „Клуни Фондација за правда“. Во рамки на оваа фондација постојат два програми кои откриваат корупција поврзана со кршење на човековите права. Нивната цел е да бидат претставници на човековите права ширум светот.
Фондацијата дава пари за помош на бегалците, загрозените и маргинализираните заедници кои се мета на омраза за да им помогнат во обновата на своите животи.
Џон Кена
Џон Кена е професионален атлетичар кој е познат по тоа што работи со фондацијата Make-A-Wish. Тој во моментов е личност која на децата им ги исполнува најголемите желби.
Кена во 2012 година ја водеше организацијата која собра преку 2 милиони долари за фондација за лечење на рак на дојка. Тој и подари 2 милиони долари на добротворната организација Flip Ops. Оваа фондација им помага на воените ветерани да најат стабилност низ фитнес програма.
Џ. К. Роулинг
Роулинг во 2001 година ја напиша книгата Fantastic Beasts and Where to Find Them (Фантастичен ѕвер и каде да го најдам) и заработи пари за добротворната организација Comic Relief. Потоа заработи пари за бројни други организации. Роулинг основаше и непрофитна организација под името „Лумос“ чија цел е да собере пари за помош на децата сираци ширум светот, со цел да им помогне да се вратат на своите семејства или да бидат згрижени во добри семејни заедници.
Таа ја основаше и добротворната фондација која ги поддржува жените, децата и младите луѓе кои се во опасност. Со овие обиди таа значително ги намали бројот на социјални случаи.
Ема Ватсон
Ема Ватсон се занимава со хуманитарни и феминистички работи. Соработувала со бројни познати организации, меѓу кои и УНИЦЕФ. Исто така им помага и на жените кои биле сексуално вознемирени. Донирала и милион долари на британската фондација Justice and Equality Fund.
Ема и уште 200 други британски и ирски ѕвезди напишале отворено писмо со кое повикуваат на запирање на сексуално вознемирување на работното место.
Џеки Чен
Џеки Чен ги поддржува организациите како што се УНИЦЕФ и „Операција Смајл“. Двете организации им помагаат на децата ширум светот. Освен тоа, Џеки ја основал и Jackie Chan Charitable Foundation во 1988 година и Dragons Heart Foundation во 2004 година.
Првата фондација овозможува стипендии и им помага на младите луѓе во Хонг Конг. Освен тоа, нуди и медицинска помош и помош на жртвите од природни катастрофи.
Другата организација на Чен им помага на децата и старите луѓе кои живеат во зафрлените делови на Кина. Организацијата изградила и школи и донирала материјал за изградба на истите, а истовремено вложила и милион долари за подобрување на условите во образованието на сиромашните.
Покрај тоа, фондацијата доделува и облека, инвалидски колички и други предмети за постарите лица.
Кристи Тарлингтон
Манекенката почна проект под името Every Mother Counts, како резултат на искуството кое ѝ го променило животот. Кога го родила своето прво дете во 2003 година, таа се соочила со компикации како што е крварењето.
Преживеала благодарение на тоа што имала пристап до медицинска помош и од тој ден нејзиниот живот се променил засекогаш. Организацијата ја основала во 2010 година, а Кристи и нејзиниот тим работат на тоа да ги направат бременоста и породуањето безбедни за сите.
Тие ја подигнуваат светста за овој проблем и соработуваат со заедници кои се занимаваат со вакви прашања. Исто така вложуваат и во програми за подобрување и нега на родилките.
Ринго Стар
Легендарниот и поранешен член на групата The Beatles покрена добротворна организација The Lotus Foundation. Оваа фондација нуди пари, поддршка и промовира добротворни проекти кои се однесуваат на социјална заштита.
Некои од подрачјата на делување се злоупотреба на супстанци, церебрална парализа, тумор на мозок, карцином, жени кои претрпеле семејно насилство и нивните деца, бездомници и животни на кои им е потребна помош.
Мет Дејмон
Мет Дејмон ја лансираше фондацијата „H20 Африка“ во 2006 година. Целта на фондацијата е подигање на свеста за чиста вода во Африка. Во 2009 година оваа фондација се спои со Water Partners и ја формираше страницата Water.org.
Преку оваа страница се има пристап до сигурна вода и санитарни услови низ целиот свет, по пристапни цени. Мет Дејмон во 2013 година позираше со даска за тоалетна школка во знак на протест поради 2,5 милијари луѓе кои немаат пристап до вода и санитарни услови и тоалети.
Тој исто така го поддржа и проектот One, кој се залага за завршување на екстремната сиромаштија и спречување на болести во земјите во развој.
Антонио Бандерас
Антонио Бандерас е борец за правата на луѓето кои се ставени во неповолна положба. Тој во 2010 година ја основаше организацијата Tears and Favors Foundation. Оваа организација овозможува стипендии за студентите на Универзитетот во Малага кои немаат доволно пари за да ги платат школарините.
Неговата фондација е партнер со фондацијата Cudeca и тие заедно овозможуваат и нега за пациентите кои се смртно заболени од рак.
Анџелина Џоли
Анџелина Џоли стана свесна за потребите за хуманитарна работа кога го снимаше филмот „Томб Рајдер“ во Камбоџа. Кога се вратила дома, таа контактирала со UNHCR и им се приклучила. Од 2001 година, таа е во мисија ширум светот, се состанувала и им помагала на голем број бегалци во повеќе од 20 земји.
Во 2003 година ја основала и организацијата која го носела името Maddox Jolie-Pitt Foundation. Нивната мисија на почетокот била да ги поддржи жителите од локалните села и да ги заштити загрозните диви животни и шуми.
Од 2006 година почнале да работат на земјоделието, образованието, половата рамноправност и здравствените проблеми во Камбоџа. Анџелина во 2012 година е прогласена за специјален амбасадор. Од тогаш, таа може да го застапува Високиот комесар Антонио Гутерес и UNHCR на дипломатско ниво.