Оскаровецот Том Хенкс на социјалните мрежи се пофали дека во Австралија допатувал со својата машина за пишување од брендот „Корона“, името на опасниот вирус од кој тој и сопругата Рита Ора заболеа минатата недела.
Двајцата беа пуштени од болница, по што сега се во самоизолација. Минатата недела дознаа дека се позитивни на коронавирусот, па мораа да бидат изолирани во болница. Пред неколку дена двајцата беа пуштени дома, па сега во самоизолација, а глумецот откри како ги минува деновите.
„Еј луѓе имам добри вести. Сега сме во самоизолација. Пред една недела беше утврдено дека сме позитивни на коронавирусот, но сега сме добро. Симптомите се приближно исти. Немаме грозница. Допатував тука со мојата машина за пишување, онаа која ја сакав“, напишал Хенкс на „Инстаграм“.
Хенкс објави фотографија од неговата машина за пишување. Името на мишната е „Корона“, па многумина му коментираа дека Хенкс бил голем малер.