Српската пејачка Лепа Брена вели дека слободното време додека е во карантин ќе го искористи да го преуреди својот дом. Таа вели дека сега има повеќе време да се посвети на себеси, своето семејство и домаќинството.
Пејачката покрај куќата, планира да го уреди и дворот.
„Слободното време во карантин најверојатно ќе го поминам како и сите домаќинки. Ќе се посветам на себеси, семејството и домот. Ќе ја уредам куќата и дворот. Но, не ги заборавив ни физичките активности. Ќе се посветам и на готвењето. Најмногу сакам да готвам домашни јадења“, вели Брена.
Брена и нејзиниот сопруг Бобо Живојиновиќ веќе неколку дена се наоѓаат во самоизолација, откако се вратија од пат од Мароко. Веднаш се тестираа дали имаат коронавирус. Резултатите велат биле негативни. И покрај времето поминато дома, таа вели дека во семејството владее одлична атмосфера и знаат како да се забавуваат.
Со неа се и нејзините синови Стефан и Виктор на кои им забрани да излегуваат. Брена вели дека најмногу ја радува дружбата со нив.
„Се дружиме како вистинско семејство. Е тоа најмногу ми недостигаше. Знаете, здравјето на моето семејство ми е најважно. Ги откажав сите настапи и го чекам развојот на ситуацијата“, изјавила Брена и порача на сите да останат во своите домови и да внимаваат на хигиената.
„Ја мерат температурата на сите патници на секој аеродром. Сигурни сме во нашата здравствена состојба. Не треба да се дига паника, но треба да се биде одговорен. Вирусот може да се прошири на места кои не ги сфаќате сериозно“, вели Брена и додала дека ја дезинфецирала целата куќа.