Четири месеци откако го загуби бебето, сопругата на Алек Болдвин повторно бремена

Хиларија, сопругата на глумецот Алек Болдвин, е бремена четири месеци откако имаше спонтан абортус. Таа на „Инстаграм“ објави видео на кое се слуша работата на срцето на бебето. „Добро сме, и бебето и јас сме здрави. Одиме од почеток“, напиша 36-годишната инструкторка по јога.

Претходно, Хиларија имаше два спонтани абортуса – еден пред четири месеци, а вториот се случил седум месеци претходно.

Хиларија и Алек се во брак од 2012 година. Тие имаат четири деца: Кармен (6), Рафаела (4), Леонардо (3) и Ромео (2). Од првиот брак со Ким Бесинџер, 62-годишниот Алек ја има ќерката Ајрленд. (24).

Scroll to Top