Пандемијата на коронавирусот ја измени листата на „Форбс“ поради коронавирусот. Многумина беа симнати од истата, но сепак врвот не е променет. Дури ни разводот од 40 милијарди долари, не го спречи основачот и извршен директор на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, веќе трета година по ред да го држи првото место.
Безос заврши на врвот на листата благодарение на неговото богатство од 113 милијарди долари, иако бележи пад од 18 милијарди долари во однос на минатата година, пренесува Bankar.me.
Најголема причина за овој пад е неговиот развод со Мекензи Безос. Но, акциите на „Амазон“ пораснале за 15% минатата година, па тоа му помогна да надомести дел од губитоците од разводот.
Мекензи Безос првпат се појави на листата на светски милијардери благодарение на спогодбата за развод од 38 милијарди долари. Како дел од спогодбата таа доби 25% од акциите на „Амазон“, што ја донесе на 22. место на листата на „Форбс“ на светски милијардери.
„Форбс“ го откри своето 34. издание на листата на богаташи, но пандемијата на коронавирусот го измени списокот на милијардери, а многумина беа тргнати од истиот. Во првата половина на март, 226 луѓе го изгубија статусот на милијардери, а 58 луѓе помалку во однос на истиот период минатата година.
„Форбс“ собра вкупно 2095 милијардери. Бернар Арно, претседателот и извршен директор на луксузното царство LVMH, го изфрли Ворен Бафет од третото место на најбогатите, чие богатство тежеше 76 милијарди долари. Бафет со 67,5 милијарди долари падна на четвртото место.
Најбогатата жена на светот и понатаму е наследничката на „Волмарт“, Алис Валтон, која се наоѓа на деветотто место со 54.4 милијарди долари.