Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон се вклучија во наставата и ги изненадија учениците во едно основно школо преку видео повик. Двојката се јави од својот дом во Норфолк и разговараа со учениците.
Кејт и Вилијам ги пофалија децата за вложениот труд, а особено им се заблагодарија на наставниците кои дале надчовечки напори во време на пандемијата. Војводата и војвотката од Кембриц ги изненадија децата во школото во Барнли. Двајцата беа расположени и насмеани додека разговараа со наставниот кадар и учениците.
„Требаше и ние во духот на Велигден да дојдеме со овие зајачки уши, но Вилијам ги изеде сите чоколади. Секоја чест на сите. Многу ми олеснува кога знам дека имаме вакви луѓе во кои можеме да се надеваме на светла иднина и фала ви што школото го држите отворено за оние на кои им е потребно во овие моменти“, изјавили Кејт.
Во разговорот се вклучи и Вилијам кој ги развесели основците и ги пофали за нивните ликовни трудови.