Шведската принцеза Софија го поминала интезивниот тридневен курс за обука и сега може да работи на коронавирусот на медицинските одделенија низ нејзината земја. Принцезата почнала вчера во болницата „Софијахемет“, откако ветила дека има намера да ѝ помогне на својата земја во борба против смртоносниот вирус.
Принцезата била снимена покрај неколкуте членови на персоналот, пред да ја започне смената. Принцезата Софија ја минала обуката на Универзитетскиот факултет „Софијахемет“ во Стокхлом, каде е почесен член и претседавач.
Принцезата Софија претходно била манекенка, пред во 2015 година да се омажи за принцот Карл Филип, синот на кралот Карл Густафо и четвртиот по ред кандидат за престолот.
Шведскиот мек пристап во борбата против новиот коронавирус, не се покажа премногу ефективен и истиот се надгледува под лупата на властите, како расте стапката на смртност.
Од средата, вкупно 1203 луѓе починале од речиси 12.000 потврдени случаи на „Ковид-19“. Оваа бројка е далеку поголема од онаа во Финска, Данска и Норвешка, земји кои воведоа рестриктивни мерки за заштита.