Контроверзниот пејач Арон Картер, познат како помалиот брат на Ник Картер од „Бекстрит бојс“, чека дете со неговата девојка Мелани Мартин.
Мелани е позната по тоа што неодамна го пријави Арон во полиција, затоа што физички ја нападнал. Тој и самиот призна дека во последниот период се соочува со тешки психички проблеми.
Арон се обрати преку социјалните мрежи и истакна дека е разочаран затоа што девојка му го изневерила и сакала со него да се пресмета физички.
Како што пренесуваат светските медиуми, работите се смениле.
„И официјално ќе станам татко. Двајцата го сакавме тоа. Работевме на тоа и мислам дека ќе бидам добар татко. Покрај музиката, сега и семејството ми е приоритет“, изјавил Картер.