Славната американска глумица Кармен Електра во една од своите последни изјави за медиумите, откри детали од нејзиниот бурен живот, кои ги имала додека била во врска со поранешниот кошаркар на Чикаго Булс, Денис Родман. Таа откри дека додека се забавувале во Лас Вегас во една хотелска соба со нејзиното момче, им упаднал Џордан.
„Слушнав како некој тропа на врата, а во собата влезе Мајкл Џордан. Не сакав да ме види, па се обидов да се сокријам во креветот, покривајќи се со ќебе“, изјавила Електра за потребите на најновиот документарец, кој деновиве беше пуштен во јавноста.
𝐍𝐨𝐯𝐞𝐦𝐛𝐞𝐫 𝟏𝟒, 𝟏𝟗𝟗𝟖
Dennis Rodman and Carmen Electra got married at 7 a.m. at Las Vegas’s Little Chapel of the Flowers. pic.twitter.com/URE9o1GbRO
— This Day in Chicago Sports (@ChiSportsDay) November 14, 2019
Овие денови особено актуелен е документарниот филм за Мајкл Џордан, во кој Кармен Електра откри делтали што се случило во Лас Вегас. Џордан познат како Големиот Мајк, се потсети како Скоти Пипен се опоравувал од повреда на зглобот, а Родман побарал од Фил Џексон да ги пушти играчите да се опуштат неколку дена во Лас Вегас.
Џексон се согласил, но откако одморот завршил, Роднам не се вратил на време. Тој бил со неговата девојка, Кармен Електра, а кога Џордан се обидел да го најде својот соиграч, изненадувачки им упаднал во собата додека двајцата имале секс.