Хит преработката на Bella Ciao од Александар и Дац, стана хит низ целиот регион, па и Бојко Борисов ја слушаше додека се вози во автомобил. Премиерот на Бугарија, објави видео како се вози во автомобил и ја слуша „Корона чао“,
Тој се заблагодари на сите бугарски државјани кои се придржуваат до правилата, а сподели и дека нашата земја секогаш ќе ја има нивната поддршка:
„Само со заеднички труд, дух и дисциплина ќе се избориме со корона вирусот. Им благодарам на сите бугарски државјани кои ги следат правилата. Само така ќе се вратиме на нормалните животи. Им благодарам исто така и на Дац и Александар. Северна Македонија секогаш може да смета на нашата поддршка.“
(Видео) “Корона Чао“, фали кафана инаку ќе полудиме: Одличен кавер на Александар и Дац