(Видео) Бојко Борисов со „Корона чао“ и даде поддршка на Македонија

Хит преработката на Bella Ciao од Александар и Дац,  стана хит низ целиот регион, па и Бојко Борисов ја слушаше додека се вози во автомобил. Премиерот на Бугарија,  објави видео како се вози во автомобил и ја слуша  „Корона чао“,

Тој се заблагодари на сите бугарски државјани кои се придржуваат до правилата, а сподели и дека нашата земја секогаш ќе ја има нивната поддршка:

„Само со заеднички труд, дух и дисциплина ќе се избориме со корона вирусот. Им благодарам на сите бугарски државјани кои ги следат правилата. Само така ќе се вратиме на нормалните животи. Им благодарам исто така и на Дац и Александар. Северна Македонија секогаш може да смета на нашата поддршка.“

(Видео) “Корона Чао“, фали кафана инаку ќе полудиме: Одличен кавер на Александар и Дац

Scroll to Top