Лидерот на Северна Кореја бил забележан со сателитски снимки во неговата луксузна јахта, како плови во близина на неговата омилена вила, пренесува „Ројтерс“. Сателитските снимки прикажуваат движења на луксузни бродови, кои ги користи севернокорејскиот лидер во близина на неговото омилено место на живеење во Вонсан.
Шпекулациите околу неговото здравје и за тоа каде во моментов се наоѓа Ким, се засилија откако тој не беше виден на прославата на роденденот на неговиот дедо Ким Ли Сунг, на 15. април, најважниот национален празник во земјата.
Интернет страницата за следење на Северна Кореја NK PRO, ги прикажала вечера комерцијалните сателитски снимки на кои се гледаат бродовите кои Ким ги користи, што сугерира дека тој веројатно се наоѓа во близина на областа Вонсан.
Претходно, неделава беше објавен извештај од проектот за следење на Северна Кореја, со седиште во САД, 38 Sever, во кој беа прикажани сателитски снимки кои откриваат дека Ким го користи својот личен воз кој се наоѓа на станицата резервирана за негова употреба, кај вилата во Вонсан.
Официјални лица во Јужна Кореја и САД наведуваат дека можно е Ким се наоѓа на ова место, со цел да ја избегне изложеноста од коронавирусот, изразувајќи скепса кон извештаите на поедини медиуми дека е сериозно болен.