Неделен хороскоп од 4 до 10 мај

Овен

Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново. Ќе утврдите дека не само што се сакате, туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција.

Бик

Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување. Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа, подобро е да го анализираат односот на другите. Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични.

 

Близнаци

Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас, а тоа уште повеќе ќе ве зближи. Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво, иако ќе има и расправии. Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно, најдете во себе трпение и сила. Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш.

Рак

Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска, вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни, но само за нивна рекреација.

 

Лав

Ако сте во подолга врска, ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво. Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност.

Девица

Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Оттаму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Што помина, помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа.

Вага

Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција. Сепак, ќе мора да се усогласите со другата страна. Ќе успеете со мало трпение. Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат, ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Cкорпија

Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Оттаму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Работите се интензивираат, а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Оние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни.

 

Стрелец

Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност, како на пример во гледање љубовен филм. Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата. Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта.

 

Јарец

Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами, а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети, сакани, забавни и весели. На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте.

Водолија

Каде и да одите, забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами, не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата, но затоа и задоволни. Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат, ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат, но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор.

Риби

Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа, таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак, не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Ќе имате потреба да финиширате со некои работи, така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат. Дајте се од себе за да работите квалитетно.

Scroll to Top