Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е уверен дека ќе има вакцина против коронавирус до крајот на годината, дури и побрзо од оптимистичките проекции поставени од советниците за јавно здравје на неговата администрација.
„Ние сме уверени дека ќе ја имаме вакцината до крајот на годината. Ми се чини дека многу компании се близу”, рече Трамп за „Фокс њуз“.
Набргу потоа дојдоа првите коментари за објавата на Трамп, откако службените лица за јавно здравје во Америка претходно изјавија дека за пронаоѓањето на вакцината се потребни 12 до 18 месеци и дека се потребни години за да се развие и дистрибуира низ целиот свет.
На прашањето каква би била неговата реакција доколку друга земја ја открие вакцината пред САД, Трамп рече дека ќе му биде сеедно. Тој додаде дека неговата прогноза за бројот на Американци кои ќе умрат од болеста е зголемена.
„Порано кажав 65.000, а сега велам 80 или 90 и, а бројките одат и нагоре, брзо раснат“, рече тој.