Пентагон: Вирусот не е создаден во лабораторија

Началникот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Марк Мајли, изјави дека сè уште не е познато дали новиот коронавиирус потекнува од пазарите во Кина, од лабораторија или од друго место.

„Дали потекна од лабораторија во Вухан? Дали од пазарите во Вухан? Дали од некое друго место? И одговорот е: Не знаеме, изјави генерал Мајли.

Но, тој истакна дека вирусот не е дело на човекот. И американскиот експерт за инфективни болести и член на работната група за лабораторија откако бил земен од дивина.

„Ако се погледне еволуцијата на вирусот кај лилјаците и што сега се случува, научните докази укажуваат дека не станува збор за вештачка или намерна манипулација. Сè за постепената еволуција апсолутно укажува дека овој вирус се развил во природата, а потоа преминал од еден на друг вид, посочи Фаучи.

Трамп и американскиот државен секретар минатата недела изјавија дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија во Вухан.

И Светска здравствена организација тврди дека не добила никакви докази или информации со кои би се поткрепиле тврдењата дека Ковид-19 е создаден во лабораторија, како и оти доказите кои ги има СЗО укажуваат на природното потекло на Ковид-19.