Фолк-пејачката Дара Бубамара на синот Константин му подари стан за 11. роденден. Според српските медиуми, таа му купила стан во центарот на Нови Сад, кој чини 150 илјади евра.
„Кога во декември го славеа неговиот 11. роденден, таа му вети дека на лето ќе му купи стан. Сега, конечно, го направи тоа“, рекол извор близок до пејачката.
Дара и Константин, наводно, гледале повеќе станови во изградба, а нејзиниот син самиот избрал голем стан во центарот на градот.