Добрила Ивановска Чабриќ (93), која јавноста ја запозна по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, имаше настап среде Дојран. Таа со својот мини концерт ги расположи минувачите покрај езерото.
„Кај мене секогаш е весело. Не се плашам од никаков виpyc, ниту кopoната ми смета да го правам она што го сакам. Преживеав и полоши години од пандемиjaта. Иако имам 93 години, живеам живот кој е краток и убав. Искрено, дури сега на овие години ја гледам убавината на животот, а оној кој ќе ме запознае знае дека покрај мене времето брзо поминува. Ни болеста не ми смета да живеам со полни гради и да сум среќна“, рече победничката на „Никогаш не е доцна“.