Модриќ прослави десет години брак

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ и неговата сопруга Вања прославија десетгодишнина од брак. Двајцата се венчаа на 12 мај, 2010 година, двојката се венчаше во црвка, а прославија заедно со семејството и пријателите во познат ресторан во Загреб. За време на венчавката Вања била бремена со нивното прво дете, синот Иван (9).

Покрај Иван, тие ги имаат и седумгодишната ќерка Ема и двегодишната Софија. Родителите неодамна ѝ го прославија роденденот на Ема. Роденденската забава беше во знак на популарниот Покемон.

„Седум години. Мојата ќерка расте, исто како што расте и мојата љубов. Те сакам многу“, напиша Модриќ на објавените фотографии на социјалните мрежи.

Вања вели дека е горда на својот сопруг, особено по неговата објавена книга, „Мојата игра“, која Лука ја промовираше на крајот на минатата година. .

„Од почетокот на кариерата, Вања беше мојата најголема поддршка. Особено во најтешките моменти“, изјавил Модриќ и додал дека и е благодарен на сопругата за сè.

 

Откако Лука заигра за Реал Мадрид, семејството се пресели во Шпанија. Модриќ ретко сака да зборува за приватниот живот, од пријателите може да се дознае дека неговата сопруга му е најголемиот фан, но и критичар, теоретичар и аналитичар на неговата игра.

„По секој натпревар ја гледаме снимката. Лука анализира сè, секој потег. Секогаш му велам. Мораш да шутираш повеќе, а тој упорно прави асистенции и додава, а помалку шутира. И кога одлично ќе изгира, јас пак ќе му најдам некоја маана, а кај него пак ќе поработи инатот“, вели Вања.

Таа вели дека кај Лука ја привлекло неговата едноставност и скромност.

 

 

Scroll to Top