Хрвати се врзаа со синџири за да не ги исфрлат од кафуле

Откако во Хрватска се отворија кафулињата и рестораните, многумина седнаа на омилените места за релаксирање. Меѓу нив се и другарите Силвио и Андреј кои вчераутро чекале да се отвори кафулето „Лутвинка“, па седнале на омилената маса, порачале пиво и се врзале со синџири за да не ги исфрлат. Фотографијата на која двајцата пријатели пијат пиво стана хит во регионот, а ја објави „Јутарњи лист“.

„Нема да дозволиме некој да не исфрли ако решат повторно да ги затворат угостителските објекти,“ рекле тие.

 

 

Scroll to Top