Американските и кинеските власти се подготвуваат да ја докрајчат светската економија, пишува „Глобал Тајмс“, пренесува „Спутник“.
Двете влади се подготвуваат за заострување на односите, што би можело да доведе до воведување на нови царини, преку кои двете земји ги штитат своите пазари, како и до прекин на првиот дел на трговските дејности.
„Глобал Тајмс“, повикувајќи се на официјални лица од Вашингтон, пишува дека таквата ситуација би можела да ја докрајчи светската економија, која, според проценките на голем број експерти, поради пандемијата, е најлоша од кризата од Втората светска војна.
„САД сериозно има намера да реагира на улогата на Кина, во ширењето на коронавирусот во светот“, изјавил советникот во Белата куќа Питер Наваро, во интервју дадено за „Си-Ен-Би-Си“.
Спорд него, Пекинг ненавремено ги усвоил мерките, кои можеле да го спречат ширењето на коронавирусот низ светот. Во меѓувреме, Кина наводно се подготвува да им возврати на Американците со иста мерка. Може да се каже дека ќе дојде до нов круг на влошување на односите меѓу САД и Кина, пишува „Глобал тајмс“.
Таканаречената трговска војна меѓу САД и Кина беше одбележана во 2019 година во светската економија. Но, Вашингтон и Пекинг почнаа да ги ублажуваат мерките, кои си ги уведоа еден на друг. Поконкретно, на почетокот на 2020 година, се договорија околу првиот дел на сеопфатните договори.
Потоа почна пандемијата со коронавирусит и САД почнаа да ја изразуваат потребата, Кина да биде казнета, поради ширењето на вирусот. Во случај односите меѓу Пекинг и Вашингтон, повторно се влошат, таквата ситуација би можела да нанесе нов удар на светската економија, која и така е исцрпена од пандемијата.
Со други зборови, новата трговска војна, би можела да ја докрајчи светската економија, пренесува „Глобал тајмс“.
Извор/Спутник