Израелскиот премиер сака да ги чипира сите деца, поради коронавирусот

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, сака да ги чипира сите деца кои одат во школо и градинка, со цел да може полесно да се контролираат додека трае епидемијата со коронавирусот, пренесува српски Курир.

Нетанјаху говореше на конференција за новинари, каде предложи како Министерството за здравство може да ја користи новата технологија, сè со цел земјата да може полесно да се прилагоди на својата нова рутина Тој објасни дека државата почнала да ја укинува забраната за работа на објектите, поради коронавирусот, пренесува „Инет“.

„Тоа е технологија, која претходно ја немаме користено, но која е дозволена според законите кои ќе ги донесеме“, објаснил Нетанјаху.

„Разговарав со нашите шефови за технологија, сè со цел да изнајдеме решенија кои ќе бидат добри за Израел. Одличен пример се сензорите. На пример, секоја личност, секое дете, пред сè, тука сакам да потенцирам дека тоа сакам да го изведам на деца, можат да имаат сензори, кои ќе го активираат алармот“, вели Нетанјаху.

Тој објасни дека ако децата стојат преблиску еден до друг, алармот ќе се активира. Слично како кај алармите на автомобилите, објаснил премиерот. Ваквиот негов предлог наиде на остра осуда кај сајбер експертите.

„Тоа ќе биде тешко да се примени на повеќе од милион деца. На сите нив ќе треба да им се ставиме чипови, за да се осигураме дека ќе држат растојанија од два метри. Станува збор за опасен уред“, изјавил експертот за кибернетичка отпорност Еинат Мерон.

„Теоретски, ја разбирам идејата на премиерот и зошто тоа го прави. Но, таквите микрочипови се чувствителни на делечина, и се разликуваат од оние во возилата. Кај луѓето е поинаква ситуацијата. Звукот кој ќе ни каже дека треба да се оддалечиме од некого, не значи дека ќе се оддалечиме. Тоа не е доволно“, вели Мерон.

„Кој вели дека тоа ќе промени било што? Јас во секој случај ќе му се доближам на тој на кој сакам да му се обратам“, вели Мерон.

Мерон објаснува дека со моменталното спроведување на ваквиот закон, работите можат целосно да се променат. Таа објаснила дека децата нема да поминат ниту еден тест, ни практично, ни легално.

Мерон објаснува дека, идејата да се информираат граѓаните за нивната оддалеченост, нема да влијае на нивните постапки. Многумина се плашат дека државата ќе ги искористи информациите, достапни преку сензорите.

„Ако информациите за локацијата на децата се пренесат на интернет, педофилите, кои имаат сајбер познавања, може да провалат во системот и да ги искористат истите. Ќе ги надгледуваат, ќе ги дистрибуираат информациите на други платформи. Може ли државата тогаш да превземе некаква одговорност?“, прашува Мерон.

Канцеларијата на премиерот реагираше на извештајот, велејќи дека предлогот на Нетанјаху, не треба да се спроведува по пат на база на податоци, туку со едноставна технологија, која ги информира граѓаните за нивната оддалеченост. Тоа е доброволна опција, која е осмислена да им помогне на децата да ја задржат оддалеченоста, слично како на мобилните телефони во автомобилите.

Од канцеларијата на премиерот додале дека предлогот на Нетанјаху, е идеја која би помогнала во одржување на социјалното растојание и дека нема да ја наруши приватноста.

Веб страната „Вала“, известила во средата, дека движењето на сите возила во Израел, се следени од полицијата и дека податоците се чуваат во нерегулирана база Eagle Eie. Изворот кој го цитирал медиумскиот сајт, изјавил дека информациите би можеле да се чуваат со години.

Здружението за граѓански права во Израел (AGRI), побарал во рамки на Законот за слобода на информации, полицијата да го обелодени опсегот на операцијата „Оrao oka“, за да може да се открие како и колку долго, информациите за движењата на граѓаните ќе се чуваат во системот.

Израелската полиција одговорила на барањето на ACRI, велејќи дека активноста на системот не е интерно стандардизирана, и покрај повеќегодишните операции. Во секој случај, ако биде започнато со оваа акција, постапката нема да биде објавена, објасниле од полицијата.

На крајот на март Ахаронот, известил дека тајната база на податоци „Шин Бет“ (Израелска безбедносна агенција), ги чува податоците за сите израелски граѓани и повеќето Палестинци од Западниот брег. Податоците кои ги следи безбедносната агенција, го опфатиле движењето, телефонските повици и текстуалните пораки на граѓаните.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top