Агентката и авторка Мелани Блејк, во својата книга The Thunder Girls, ги откри најлошите карактеристики на познатите личности. Таа ги споменала и Бијонсе, Џенифер Лопез, Мараја Кери и уште многу други големи ѕвезди.
„Пред нејзиниот настап во Top of the Pops, екипата на Џенифер Лопез ни кажа во никој случај да не ја гледаме во очи, сè додека не го заврши нејзиниот настап. Јас не се воздржав. И кажам дека е прекрасна. И објаснив дека не советуваа дека не треба да ја гледаме во очи, а таа полуде. Следно што знам е дека го отпуштила половина од нејзиниот тим“, открива Мелани, која со големите ѕвезди, има работено во музичката емисија Top of the Pops.
Од тимот на Мараја Кери пак им пренеле дека мораат да им ракоплескаат, кога таа ќе се појави на сцена. Пејачката наводно барала и неколку мачки, за да може да си игра со нив, за да не и биде досадно.
„За среќа, во близина имаше пет шоп, па на сопственикот му ветив дека брзо ќе ги вратам“, се присети Мелани.
Авторката посведочила и на некои злобни местенки кои ги правеле бендовите.
„Бијонсе беше драга и зборуваше со сите нас, додека менаџерите зад нејзин грб, ги наговарале камерманите и техничарите да ја снимаат само неа и да ги игнорираат другите членки на „Дестени Чајлд“, изјавила Блејк.
Мелани вели дека пејачката Гери Халивел, била драга сè додека пеела во групата „Спајс грлс“, но потоа целосно се променила и се однесувала како принцеза.
„Го промени дури и својот акцент, а маршираше наоколу, како студиото да е нејзино“, вели Блејк.
За Мел Би, Мелани вели дека била симпатична и едноставна, а не се променила ниту кога се сретнале 20 години подоцна, додека за Роби Вилијамс, вели дека бил арогантен тип. Еднаш морала да вика по него, затоа што пејачот играл фудбал зад сцената.
„Би можел да ти средам отказ“, ѝ рекол Роби на Мелани, на што таа му одговорила дека може да се обиде, но дотогаш да прекине да игра фудбал и да ја шутира топката во ѕидот.
Мелани откри дека двајца мажи, познати во светскиот џет се, ја прашале една од нејзините пријателки, дали сака да има секс во тројка со нив.
„Мојата пријателка се согласи, но ми откри дека не се забавувала како нив двајцата. Тие повеќе се фокусирале еден на друг. Двајцата денес се икони од тоа време“, раскажа Мелани, која не сакаше да го открие нивното име.