Американка заразена со ковид-19 се породила додека била во кома

Американката Алиша Кејперс (40) била во кома кога го родила своето второ дете. Таа била во 31. недела од бременоста кога сопругот, кон крајот на март, ја однел во болница во државата Охајо. Кашлала, имала висока температура, тешко дишела. Неколку часа подоцна, лекарите ја приклучиле на респиратор. Ја завртеле на стомак за да добива повеќе кислород и ја лекувале со експерименталниот лек Ремдесивир.

Кога Алиша добила болки, повеќе од два месеци пред терминот, лекарите заклучиле дека е време за царски рез и ја породиле додека била во индуцирана кома.

По раѓањето на детето, здравјето на мајката почнало да се подобрува, но таа се опоравувала бавни. Со недели била на респиратор и поминало многу време додека се разбудила од кома и дознала дека родила син.

„Се сеќавам само дека го погледнав стомакот првпат кога се разбудив од кома, отидов во бањата и сфатив дека имам лузна“, рекла Алиша за „Си-ен-ен“.

Дури кога детето малку зајакнало, било тестирано на корона. Резултатите биле негативни, па родителите го зеле дома.

Scroll to Top