Британската кралица Елизабета II се криела во грмушки, за да избега од проблематичниот романски гостин Николае Чаушеску. Ова е откриено во новиот документарен филм, снимен за кралицата Our Queen: Inside the Crown.
Диктаторот од Романија пристигнал во Англија со неговата сопруга Елена во 1978 година и за да ја исполнат својата кралска должност, Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип, требало да ги пречекаат гостите на железничката станица и да им се придружат во возењето со кочија со коњи, на патот кон Бакингемската палата.
Роберт Хардман, во програмата објаснил дека таа не можела да се соочи и да разговара со тие луѓе, па била принудена да се сокрие во грмушките за да ги избегне гостите.
„Кралицата си помисли дека не може да се соочи да разговара со тие гости. Па за првпат во својот живот, таа беше принудена да се сокрие во грмушките за да ги избегне“, изјавил Хардман.
Поранешниот британски секретар за надворешни работи, Лорд Дејвид Овен додал дека кралицата се има соочено со голем број на различни лидери со различни карактери, но Чаушеску бил премногу за неа. Таа на сите им даде до знаење, дека не ѝ се допаѓа оваа посета.