Поранешниот принц Хари не е вистинскиот татко на Арчи, синот на неговата сопруга Меган Маркл, пренесува магазинот Globe, повикувајќи се на неименуван извор.
Мистериозниот извор на магазинот Globe, му ја соопштил веста, само неколку месеци пред да се роди Арчи, кога биле направени резултатите од ДНК тестот, кој бил стандардна процедура во кралското семејство.
„Хари пребледе од шок, а Меган почна да плаче. На принцот не му се веруваше кога ги види резултатите“, вели изворот, објаснувајќи дека тој ги обвинил непријателите на Меган за саботажа на тестот.
За да не излезе во јавност приказната, Хари направил нов тест кој наводно покажал дека тој сепак е татко на тогаш уште неродениот Арчи. Сепак, изворот напоменал дека другите членови на кралското семејство се сомневале кога станувало збор за вистинскиот татко на најмладиот член.