111-годишната Хуана Зунига е најстарата жена која е излекувана од коронавирус во светот. Чиланката, која во јули ќе наполни 112 години, е една од 25. лица заразени со ковид-19 во дом за пензионери во Сантијаго. Таа живее во домот СЕНАМА од 2014 година, а поминала 28 дена во карантин.
Кога официјално се опоравила на 10 мај, таа стана најстарата личност во Чиле која ја преживеа болеста предизвикана од коронавирусот.
Официјален претставник на СЕНАМА, задолжен за епидемијата со ковид-19, рекол дека тие го намалиле бројот на корисници во објектот откако се појавиле првите заболени. Некои биле згрижени од членовите на семејството, а некои биле преместени во домот, па Хуанита имала подобри услови за успешно да помине 28 дена во карантин, објаснил тој.
Чиле е една од земјите со најмногу заразени во Јужна Америка. Во земјата има 4328 нови случаи за полседниве 24 часа и има вкупно 82.228 заразени, што ја прави земјата трета по број на заболени, по Бразил и Перу. Во Чиле, 841 луѓе починале од коронавирус.