Популарната американска пејачка Џесика Симпсон по бременоста успеала да ослабне повеќе од педесет килограми, пишуваат светските медиуми. Таа успеала да ја доведе својата фигура да совршенство, иако претходно тежела и повеќе од 110 килограми.
Со својот одличен изглед, Симпсон се пофали на фановите. Таа објави фотографија со новиот изглед, а од обожавателите доби голем број пофални коментари. Нејзиниот тренер откри за медиумите како со Симсон направиле план и почнале да водат грижа за нејзиното тело, но и здравје.
„Не пробавме со никакви екстремни диети ни програми за вежбање. Се договоривме само дневно да направи 12.000 чекори, секој ден пред да си легне во кревет. И беа потребни 7 часа сон и барем 1 час дневно да биде без технологија“, објаснил тренерот.